Connect with us

Други спортови

Продадени речиси сите билети за бокс мечот Џошуа – Пулев

Боксерскиот дуел меѓу Ентони Џошуа и Кубарт Пулев предизвика огромен интерес кај публиката која веќе купи 79 илјади билети. Достапни се уште околу 1.000 влезници за спектаклот во кој ќе учествуваат бранителот на титулите од ВБА и ИБФ и ИБО верзиите Џошуа и предизвикувачот Пулев од Бугарија.

Борбата е закажана за 28 октомври на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф, Велс.

Британецот досега ги има добиено сите 19 борби во неговата професионална кариера, додека Пулев на 26 меча само еднаш е поразен, во 2014 година од Владимир Кличко.