Connect with us

Ракомет

Продолжуваат натпреварите за Металург и Вардар во ЛШ

По репрезентативните обврски, ракометарите се вратија во своите Лиги и ги започнуваат подготовките за следните противници.

Двата наши претставници во елитното натпреварување Вардар и Металург се фокусираат на претстојните мечеви кои ги очекуваат во текот на следниот викенд. В сабота лидерот во А групата Вардар му гостува на Кристијанштад, а почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот.

Следниот ден Металург пред своите навивачи го пречекува Чеховски Медведи, а мечот во ВИП арената Борис Трајковски стартува од 17 часот.