Connect with us

Фудбал

Продолжуваат проблемите за Меси во ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ утре на домашен терен го играат натпреварот од осмото коло во француската Лига 1 против Монпелје.

Парижаните имаат серија од седум последователни победи и се на првото место со максимален ефект од 21 поен.

ПСЖ го победи Мец на гости во последното коло, а овој натпревар го пропушти Лионел Меси, кој летово пристигна во клубот како големо засилување од Барселона.

Меси го пропушти натпреварот поради повреда на коленото што ја заработи на собирот на репрезентацијата, но потоа одигра два натпревари за Парижаните и навистина не се прослави.

На натпреварот против Лион, Покетино го извади од игра во 76. минута, што го налути Меси, кој не сакаше да се поздрави со својот тренер. Но, на крајот се покажа дека Меси има проблеми со повреда на коленото.

Аргентинецот веќе неколку дена не тренира со тимот, а го пропушти утринскиот тренинг и јасно е дека утре нема да биде во конкуренција за натпреварот против Монпелје.

Меси во недела ќе подлежи на нови прегледи, по што ќе биде јасно дали ќе може да продолжи да тренира.