Connect with us

Фудбал

Промаши пенал, а потоа ја презема одговорноста-Мбапе вели: Јас сум виновен! (ВИДЕО)

 Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се смета за виновен за поразот од Атлетик (1:2) синоќа во одложениот натпревар од 19. коло на шпанскиот шампионат. Французинот промаши пенал во 68. минута.

– Лош резултат. Направив голема грешка на натпревар каде што секој детал е важен. Ја преземам целосната одговорност за ова. Тежок момент е, но сега е време да ја сменам ситуацијата и да покажам кој сум, напиша Мбапе на социјалната мрежа.


Дваесет и петгодишниот Французин го промаши вториот пенал во низа. Претходно не успеа да постигне гол од пенал на натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул (0:2) на 27 ноември.

Реал е на 2. место во шпанското фудбалско првенство со 33 бодови.