Connect with us

Фудбал

Промотивната фотографија откри уште едно заминување од Баерн

Фановите на Баерн Минхен забележаа дека еден од фудбалерите недостасува на фотографијата направена како дел од промотивната кампања за Пауланер и Октоберфест.

Германските медиуми веќе неколку месеци шпекулираат за заминување на искусниот играч за врска Хави Мартинез и сега се чини дека Мартинез дефинитивно си замина, и не се најде на промотивна фотографија каде што сите играчи на германскиот и европскиот шампион позираа со пиво во рака.

Се верува дека Мартинез ќе се врати во Шпанија, а засега се шпекулира дека тоа ќе биде Атлетик Билбао и Баерн ќе добие околу осум милиони евра обештетување за играчот.

За Шпанецот тоа би било враќање во клубот по осум години. Тој играше за баскискиот тим шест години – од 2006 до 2012 година, кога Баерн го купи за околу 40 милиони евра.

Во меѓувреме, тој освои сè што можеше да се освои со Баерн, но и самиот е свесен дека дојде време помладите да добијат повеќе простор во тимот на Баварците.