Connect with us

Фудбал

Пронајден идиотот кој направи селфи со телото на Марадона, го чека вистински пекол

Диего Марадона почина во средата, но ниту неговото тело немаше мир. Еден од оние кој ја злоупотребил позицијата за да направи селфи со мртвиот Марадона, бил вработен во компанијата задолжена за погребот. Брзо добил отказ, а јавноста го откри и неговиот идентитет.

Станува збор за Диего Молина, кој предизвика бес во цела Аргентина, особено кај пријателите на Марадона и адвокатот Матиас Морла кој на Твитер напиша:

-Лично ќе го пронајдам идиотот кој ја направил оваа фотографија, а по неколку минути повторно напиша:

-Тој идиот Диего Молина. Тој се фотографираше покрај телото на Диего Марадона. Нема да се откажам додека не плати за својот грев, напиша адвокатот.

Многумина помислија дека станува збор за фотомонтажа, но сепа не е така. Идиотот навистина направил селфи со мртвото тело на славниот Аргентинец.