Connect with us

Фудбал

Пропадна трансферот на Немања Матиќ

Интер размислува за засилувања во зимскиот преоден рок, но тоа нема да биде Немања Матиќ од Манчестер Јунајтед, кој се спомнуваше како можна опција. Имено, италијанските медиуми пишуваат дека директорот Марота имал состанок со сопственикот Жанг, а заклучокот бил дека Матиќ не е гаранција за иднината, но и дека во моментов има голем финансиски договор, кој клубот од Милано не може да си го дозволи во моментов.

Медиумите пишуваат дека во јануари сигурно засилување може да биде единствено Дармиан од Парма за крилната позиција, а централен играч за врска ќе се купува само доколку се одржи чекорот со Јувентус и има шанси во трката за титула. Во спротивно, ќе се чека летниот трансфер прозорец.