Connect with us

Фудбал

Прославата на голот ја крена Италија „на нозе“: Беше херој на Рим, а од синоќа најомразен ривал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта ја совладаа Рома со 2:0 во дербито синоќа на гости, а еден од најинтересните детали од натпреварот беше бурната прослава на голот на Никол Заниолo.

Аталанта во изминатиот период игра феноменално, а синоќа ја забележаа 11-та победа во последните 12 натпревари во сите конкуренции, со што ја истакнаа својата кандидатура за освојување на Скудетото, а воедно ги турнаа Римјаните на само два бода од зона за испаѓање. Откако Мартен де Рон ја доведе Аталанта во водство, Никола Заниоло ги постигна конечните 2:0 за гостите. Ништо овде не би било чудно доколку не се работеше за некогаш најголемиот херој на Рим и тогашниот лидер на генерацијата „Волчицата“, кој забележа повеќе од 120 настапи за клубот.

Заниоло преку ноќ од херој премина во статус на најомразен лик, а во таа прилика му закачија навредлива парола која го пречека на влезот во Рим. Заниоло предавник, гом.. без чест“, напишаа навивачите на Рома на големата порака со која го поздравија.