Connect with us

Фудбал

Прославата на трофејот во ЛШ на Ливерпул заврши трагично за едно семејство

Идентификуван е навивачот на Ливерпул, кој бил избоден со нож во текот на прославата по освојување на Лигата на шампионите.

Жртвата е 33-годишниот Еванс О’Рорк, татко на две деца, кој бил избоден пред еден локал кога илјадници навивачи на Ливерпул ја славеа титулата.

Навивачот бил во болница во Ливерпул по нападот, но веднаш потоа починал, а неговото семејство не може да верува што се случило.

Тој бил голем навивач на Ливерпул, а играл и аматерски фудбал. Поради сомнеж дека го извршиле злосторството се уапсени две лица.

SPORT1.MK