Connect with us

Фудбал

Протести на навивачите на Борусија: „Вистинска љубов? Цените како во бордел“

Навивачите на Борусија Дортмунд вчера подготвија транспаренти на дуелот против Вердер.

Борусија со две победи ја отвори новата сезона, но вечерва неочекувано беше поразена со 3:2. Иако до 89. минута домашните водеа со 2:0, на крајот доживеаја пораз.

Но, незадоволните навивачи на Борусија решија да протестираат поради високите цени на билетите и покрај тоа што важат за една од најверните и најдобрите навивачки групи во светот.

Во ниту еден друг бундеслигашки клуб навивачите не плаќаат повеќе за најевтиниот можен сезонски билет.

Се испостави дека клубот од Рурската област ги има најскапите билети во Бундеслигата, што беше истакнато од навивачите на транспарентите.

„Вистинска љубов? Цени како во бордел“, „Сите во Бундеслигата знаат дека плаќаме највисоко во државата“, „Quo vadis, BVB?“, ова е содржината на дел од транспарентите закачени на Сигнал Идуна парк.

Најевтиниот сезонски билет за домашните натпревари на Борусија Дортмунд чини 240 евра, што значи дека влезот на еден натпревар чини 14,12 евра – највисока во Бундеслигата. Од друга страна, најевтиниот билет за места во Сигнал Идуна Парк чини дури 435 евра.

Само навивачите на Унион Берлин треба да платат повеќе од Бундеслигата – 510 евра. Сепак, БВБ ги нема најскапите билети за места во лигата, бидејќи челниците на ФК Келн бараат повеќе пари – 910 евра.