Connect with us

Ракомет

Прва историска победа на РК Бутел во Европа

Ракометниот клуб Бутел славеше против ЗТР Запорожје со 18:14 во првиот меч од второто коло од ЕХФ Купот со што стигна до првата историска победа во европските настапи.

Мајиќ со 7 и Мојсоски со три беа најефикасните играчи во домашниот тим. Во Запорожје со 4 погодоци најдобар беше Тите.

Реваншот се игра на 13 октомври, а Бутел ќе патува со четири гола предност во борбата за пласман во третото коло.

Ова е дебитантски настап на РК Бутел на европската сцена.

Секако по мечот, ракометарите на РК Бутел направија победничко селфи во соблекувалната за овековечување на историската победа.