Connect with us

Фудбал

Првиот човек на Барселона одговори на ултиматумот на Реал Мадрид за „Ел Класико“

По ултиматумот дека фудбалерите на Реал Мадрид нема да се симнат од авионот доколку не им се гарантира безбедноста, се огласи и првиот човек на Барселона, Жозеп Бартомеу.

Тој вели дека ново одложување на „Ел Класико“ нема да има.

-Можам да кажам дека „Ел Класико“ ќе се одигра. Нема да има ново одложување. Живееме во сложен момент, но тоа не е поврзано со фудбалот. Наша одговорност е да ја гарантираме безбедноста, порача Бартомеу.

Првото „Ел Класико“ оваа сезона ќе се одигра на 18 декември на „Камп Ноу“.

Натпреварот, кој првично беше закажан да се игра на 26 октомври, беше одложен поради непостојаната политичко-социјална состојба во Каталонија, или решението на Врховниот суд да донесе пресуда затвор за девет лидери кои учествуваа во организирање на референдумот за независност на Каталонија.