Connect with us

Фудбал

Првиот човек на Барселона откри зошто му дал отказ на Валверде, а Сетјен не бил прв избор

Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу откри дека постои посебна клаузула во договорот на новиот тренер на тимот, Кике Сетјен, според која може да биде ослободен порано.

Шефот на Каталонците ги објасни и причините за разрешувањето на Ернесто Валверде.

– Сетиен има договор до 2022 година, но бидејќи има избори во 2021 година, ние вклучивме клаузула според која новиот претседател може да го ослободи тогаш. Ќе ви кажам зошто го сменив тренерот. Знаевме дека динамиката на тимот не е најдобра можна, иако резултатите беа многу добри. Ние, извршните директори, сметаме дека динамиката може да се развие. Ова му го кажавме на Валверде. Со него постојано разговаравме од летото, откако оформивме многу блиска врска со голема соработка. Сепак, во последниве денови разговаравме со него дека работите би можеле да бидат подобри. Ние ја направивме промената сега затоа што сме во средина на сезоната и ни требаше интензитет. Со овој момент и нов моментум, се надеваме дека ќе ги освоиме Ла Лига, Купот и Лигата на шампионите. Се разбира, посакував работите да завршеа на друг начин, изјави шефот.

Тој призна дека во последните недели и месеци разговарале и со други тренери.