Фудбал
Првиот човек на Ла Лига: ПСЖ е исто толку опасен како и проектот за Супер лига
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, критички зборуваше за ПСЖ, велејќи дека францускиот клуб е исто толку опасен за европскиот фудбал, како и проектот од Супер лигата.
Серхио Рамос од Реал Мадрид и Лионел Меси од Барселона пристигнаа на „Паркот на принцовите“ во летниот преоден рок.
„ПСЖ изгледа како лига на легенди, имајќи предвид колку години имаат некои играчи. Во Ла Лига има млади фудбалери, како Винисиус“ , изјави Тебас.
„Ми недостасува Меси, Серхио Рамос… Но, никој не е незаменлив. Заминувањето на Роналдо или Нејмар изгледаше како катастрофа, и ние продолживме да растеме“.
Првиот човек на Ла Лига смета дека бизнисот на францускиот гигант е „неодржлив“.
„Она што го прави ПСЖ е исто толку опасно како и проектот од Супер лигата. Ја критикувавме Супер лигата бидејќи ќе го уништи европскиот фудбал, сега истото треба да го направиме и со ПСЖ. Клубот сега троши повеќе од 600 милиони евра за плати. Телевизијата во Франција нема да плати ништо повеќе од 70 милиони евра, а тие веќе објавија дека имаат комерцијални загуби за 30 проценти поголеми од другите во Европа. Тоа не е одржливо. Тоа не може да преживее“.