Фудбал
Првиот човек на Серија А се надева на скоро враќање на публиката
Претседателот на Фудбалската федерација на Италија Габриеле Гравина изрази надеж дека епидемиолошката состојба поврзана со коронавирусот ќе дозволи навивачите веќе во јануари да се вратат на стадионите во земјата.
Фудбалските власти на почетокот на оваа сезона дозволија присуство до максимум 1.000 гледачи на натпреварите во Серија А, но по влошувањето на епидемиолошката состојба во земјата, стадионите повторно беа затворени.
-Оваа сезона имаме многу изненадувања во Првата лига, натпреварувањето е неизвесно, но нема навивачи. Тие се меѓу главните протагонисти, а без нив тоа не е тоа. Не знам колку оваа состојба ќе трае, сè зависи од коронавирусот. Но, се надевам дека првите чекори кон враќање на навивачите на стадионите ќе ги видиме во јануари. Се надевам на тоа, бидејќи се најавува отворање на скијачките центри“, изјави Гравина за Радио Раи.