Connect with us

Фудбал

Првиот трансфер на Мурињо ќе биде од Реал Мадрид

Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон би требало да се пресели во Лондон, однодно Тотенхем. Португалецот е голема желба на Мурињо, кој утрово стана нов тренер на популарните „Петли“. Сепак, за овој трансфер ќе се почека, а англиските медиуми велат дека првиот фудбалер што ќе пристигне во Тотенхем во ерата на Мурињо е Герет Бејл.

Се погласни се шпекулациите дека Велшанецот заминува во јануари од Реал Мадрид, се спомнуваше Манчестер Јунајтед, но наводно Мурињо порачал дека го сака во својот тим.