Connect with us

Фудбал

Прво добра, па лоша вест за Интер

Медиумите објавија дека играчот за врска Кристијан Ериксен се договорил со Интер и до крајот на месецов ќе пристигне во Милано. Тотенхем се согласил да го продаде за 20 милиони евра, за да избегне во јуни да остане без ниту едно евро, бидејќи Ериксен тогаш ќе стане слободен играч.

Сепак, стигна и лоша вест за Антонио Конте. Имено, тренерот на Барселона, Валверде за шпанските медиуми изјави дека откако Карлос Алења замина во Бетис, повеќе никој нема да го напушти тимот во зимскиот преоден рок.

Артуро Видал е примарната цел на Конте во зимскиот преоден рок, а преговорите со неговиот агент според информациите веќе почнале.