Connect with us

Други спортови

Првото полуфинале во Пекинг: Надал-Димитров

Најдобриот светски тенисер ќе игра во полуфиналето на АТП турнирот од Серијата 500 во Пекинг, откако претпладнево го совлада Американецот Џон Изнер со 2:0.

Во првиот сет Надал беше подобар со 6:4, а вториот го реши на тај-брејк со 7:6.

Противник на Шпанецот во полуфиналната фаза ќе биде бугарскиот тенисер Григор Димитров кој е трет носител на овој турнир.

Бугаринот утринава со 2-1, по сетови 7:6, 4:6 и 6:2 го победи Агут Баутиста (Шпанија).

Другиот полуфинален пар ќе биде познат попладне по завршувањето на мечевите: Кирјос – Дарсис и Рубљев – Зверев.