Connect with us

Фудбал

ПСВ рутински, АЗ само до нерешено

ПСВ го совлада НЕЦ на гости, во 27. коло од Ередивизија – 4:2 (3:0). АЗ освои само бод на домашен терен против Херенвен (1:1).

Фудбалерите на ПСВ веќе имаа големи 3:0 до полувремето. На крајот со двата гола на Де Јонг, по еден на Боскаље и Верман стигнаа до победа. На спротивната страна двапати стрелаше Танана.

Во натпреварот кој траеше речиси четири часа, поради навивачки нарушувања, АЗ и Хереневен одиграа 1:1. Домашните не го искористија пеналот, единствениот гол го постигна Мус кој ја испрати топката во сопствената мрежа. Херенвен водеше од петтата минута, стрелец беше ван Хојндок јуниор.

Екселзиор ги издржа нападите на Твенте и ја одржуваше мирна мрежата – 0:0.

Емен стигна до трите бода со 2:1 во Камбур.