Connect with us

Фудбал

ПСЖ донесе одлука: Што ги чека Мбапе и Нејмар по конфликтот на теренот и во соблекувалната?

ПСЖ одлично ја започна новата сезона.

Во Израел го совлада Нант и го освои Суперкупот на Франција, а потоа во првите две кола од Лига 1 забележа два убедливи триумфи против Клермон и Монпеље.

Сепак, навивачите на тимот од француската престолнина не можат воопшто да бидат среќни со оглед на тоа што се случи меѓу Мбапе и Нејмар на последниот натпревар.

Нејмар до сега нормално беше задолжен за пенали. Во 23. минута го пушти Мбапе да го изведе ударот, но промаши.

Подоцна во 43. минута Бразилецот не му дозволи на Мбапе да го изведе вториот пенал. На снимката се гледа како Мбапе му приоѓа на Нејмар и му вели да му ја даде топката, но тоа не се случи.

„Le Parisien“ објави дека Мбапе и Нејмар продолжиле вербално да се судираат по натпреварот и дека играчите наводно морале да ги разделат за да спречат физичка пресметка.

Потоа имаше уште еден детал кој очигледно само долеа масло на огнот.

По натпреварот гестот на Нејмар не остана незабележан. Овој 30-годишен напаѓач „лајкувал“ неколку објави на Твитер, кои биле насочени против Мбапе.

Една од објавите на кои „лајкнал“ Нејмар тврди:

„Сега е официјално, Мбапе е тој што изведува пенали во ПСЖ. Јасно е дека тоа е нешто напишано во договорот, бидејќи во ниту еден клуб во светот Нејмар не би бил вториот егзекутор. Така, благодарение на неговиот договор, се чини дека Мбапе е шеф на ПСЖ“.

Се отиде предалеку, а челниците на ПСЖ донесоа одлука да ги поканат двајцата напаѓачи на состанок, во присуство на тренерот Кристоф Галтие, пишува L’Equipe.