Connect with us

Фудбал

ПСЖ никако не може да престане да троши пари: Понудата е 140 милиони евра

Францускиот шампион ПСЖ тргна по двајца фудбалери, што ќе ги чини дури 140 милиони евра.

Според „Кориере дело Спорт“, Парижаните саккат да ја доведат двојката од Наполи. Тие го сакаат Калиду Кулибали и Фабијан Руиз и ПСЖ е подготвен да плати дури 140 милиони евра за ова дуо.

ПСЖ не се откажува од сонот наречен Лига на шампиони. Минатата сезона беа многу блиску, стигнаа до финалето, но против Баерн не можеа.

Богатите сопственици не прашуваат колку чини. Тие ги исполнуваат сите желби на сите тренери кои беа на клупата, а сега на Томас Тухел.

Тренерот на Париз ги побара Кулибали и Руиз. Раководството на клубот е решено да ја исполни неговата желба и нема да биде чудо ако двоецот од Наполи го засили ПСЖ.

Кулибали исто така се поврзуваше со Манчестер Сити во последно време.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com