Фудбал
ПСЖ оствари разговори со Луис Енрике
Луис Ферер, помошникот на спортскиот директор на Пари Сен Жермен имал средба со шпанскиот стручњак Луис Енрике на која се разговарало за евентуален негов трансфер во Париз.
47-годишниот Енрике е без ангажман по напуштањето на Барселона минатото лето.
Парижаните бараат замена за сегашниот тренер Унаи Емери, под чие раководство францускиот клуб оваа сезона загуби во осминафиналето на Лигата на шампионите и не ги исполни амбициите на раководството кое донесе неколку скапи засилувања.