Connect with us

Фудбал

ПСЖ сака да го откупи договорот на Икарди, проблем е Ванда Нара, таа има други планови

Мауро Икарди игра фантастично во ПСЖ, каде речиси на секој меч постигнува барем по еден гол. Поради тоа, францускиот тим планира уште во јануари да ја активира откупната клаузула од 70 милиони евра според договореното со Интер.

Сепак, Ванда Нара прави проблеми. Неговата сопруга, која воедно е негов менаџер има поинакви планови. Таа сака Икарди да го продаде во Јувентус, или во Реал Мадрид.

Икарди во моментов добива плата од 10 милиони евра годишно, што е двојно повеќе од тоа што имаше во Интер. Тој минатото лето имаше шанса да се пресели во Јувентус, но тогаш трансферот пропадна затоа што Пауло Дибала не сакаше да потпише за клубот од Милано.