Connect with us

Фудбал

ПСЖ сè уште размислува што да прави со Мбапе

Во Пари Сен Жермен сè уште смислуваат како да се справат со бунтовната ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе . Според информациите на RMC Sport, голема е веројатноста тој да биде закотвен на клупата или воопшто да не биде во групата за првиот натпревар од кампањата во Лига 1 на 12 август – домот на Лориен .

Сопственикот на Пари Сен Жермен Насер Ал Хелаифи останува цврст во својата одлука да изврши притисок врз Мбапе . Не му е јасно зошто фудбалерот не се согласил да го продолжи договорот со ПСЖ, бидејќи во него ќе имало клаузула да биде продаден следното лето. Клубот верува дека му дал се на Мбапе и во голема мера ситуацијата е „неразбирлива“ за катарскиот сопственик.

Фудбалерите на ПСЖ се враќаат на тренинзите во понеделник по нивната претсезонска азиска турнеја. Мбапе најверојатно ќе тренира со играчите кои се веќе непожелни во тимот и чекаат трансфер.