Connect with us

Фудбал

ПСЖ во јануари ќе продаде еден од подобрите фудбалери

Иако имаше шпекулации уште минатата сезона дека ќе си замине, сепак Јулијан Дракслер остана во Париз. Но, се чини дека време е за разделба. Според информациите од Франција, Германецот ќе биде продаден во јануари, со цел ПСЖ да ги искористи тие пари и да се засили на бековските позиции.

Минатото лето имаше интерес од Јувентус, Интер но и други клубови, а тоа значи дека на Дракслер нема да му биде тешко да најде нов клуб.

Германецот во ПСЖ пристигна во 2017 година, на 83 меча постигна 11 голови.

Во јануари се очекува да замине и Единсон Кавани.