Connect with us

Други спортови

Путин го прими Хабиб: Сите ние можеме да ја прескокнеме оградата ако не нападнат

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска го прими Хабиб Нурмагомедов и му честиташе на одбранетиот УФЦ шампионскиот појас во лесна категорија против Ирецот Конор МекГрегор.

Нурмагомедов минатиот викенд го совлада МекГрегор, но после мечот настана вистински хаос.

Имено, рускиот борач ја прескокна оградата на октагонот и тргна да се пресмета со тимот на Конор поради навредите кон неговата држава, верат и семејството.

Бурно беше и во октагонот во кој влегоа членовите на тимот на Хабиб за да се пресметаат со МекГрегор, но на крајот се се’ заврши без повреди.

Сепак, сцените од Лас Вегас се уште се главна тема во светските медиуми, а денска за инцидентот по борбата на Нугмагомедов и МекГрегор се огласи и претседателот на Русија. Јасно е чија страна застана.

Нурмагомедов му кажа на Путин дека му е жал што не можеше да се воздржи, но навредите на сметка на неговиот татко, држава и вера од страна на тимот на МекГрегор биле премногу. Претседателот на Русија на шега му одговори дека ќе го замоли неговиот татко да не биде престрог кон него поради инцидентот, па додаде:

„Не само ти, сите ние можеме на истиот начин да ја прескокнеме оградата ако не нападнат“.