Connect with us

Фудбал

Рабио не може да си објасни зошто не беше номиниран за Златната топка

Фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабиот не може да одговори на прашањето зошто не е меѓу номинираните за Златната топка. Францускиот репрезентативец верува дека имал посилна сезона од некои од номинираните за најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.

„Не сум рамнодушен на моето отсуство од списокот. Си велам дека на индивидуален план имав многу силна сезона. Притоа, гледајќи ги имињата на одредени натпреварувачи таму, мислам дека изборот не мора да се базира на логика“, изјави тој за „Тим“.

Во сезоната 2022/23, Рабиот постигна 11 гола и направи 6 асистенции на 48 натпревари за Јувентус. Со француската селекција забележа 8 меча, не пропуштајќи и меч за „петлите“ на Светското првенство во Катар.