Фудбал
Работа од 100 милиони евра, се потпишува Пеп Гвардиола
Барселона веќе подолго време се обидуваше да го донесе Лаутаро Мартинез, а сега нивната работа ја уништува Манчестер Сити.
Поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола сака да купи нов напаѓач и смета дека Мартинез од Интер е идеален за неговиот тим. Значи Аргентинецот, за кој Барселона лудуваше со месеци, би можел да отпатува за Англија.
Сити е подготвен да плати на Интер нешто помалку од 100 милиони евра, иако Интер е убеден дека ќе добијат 110 милиони евра, што е излезната клаузула на овој одличен стрелец.
Барселона бараше начини да помине поевтино, ќе видиме дали Сити на крајот ќе ја зголеми понудата, ќе ги исполни условите на Интер и ќе ја заврши целата работа.
Пеп, наводно, му дал согласност на раководството да ја „појача“ цифрата и да го откупи договорот на Мартинез, што би требало да биде долгорочна замена за Серхио Агуеро и жестока конкуренција за Габриел Жесус.
Во меѓувреме, многу работи се сменети во Барселона и веќе не се исклучува можноста новиот тренер Роналд Куман да избира друго решение за нападот наместо Лаутаро.