Connect with us

Кошарка

Работнички го пречекува Пелистер на стартот од четвртото коло во кошаркарскиот шампионат

Со натпреварот Работнички – Пелистер вечер од 18 часот во Скопје ќе започне четвртата рудна од Првата македонска кошаркарска лига.

Тимот од „Градски парк“ е во обид да го задржи максималниот ефект, додека Пелистер ќе се обиде да му пружи достоен отпор на фаворитот.

Два натпревари од оваа рунда на програма се утре: Гостивар – Шкупи и Охрид – Кожув.

Неделната програма е составена од натпреварите Карпош Соколи – Фени Индустри и Струмица – Куманово.

Поради настап на МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата, аеродромци својот дуел со Блокотехна ќе го одиграат на 2 ноември.

На врвот на табелата со по три победи од исто толку натпревари се наоѓаат Блокотехна, Работнички, Гостивар и Карпош Соколи.