Connect with us

Фудбал

Работнички ја пречекува Шкендија во Ѓорче Петров

Фудбалерите на Работнички во дербито на 5.коло на Првата фудбалска лига се домаќини на лидерот на табелата Шкендија. Натпреварот меѓу двата тима ќе се одигра на стадионот „Ѓорче Петров“ исто како и пред неколку дена кога двата ривала одиграа без победник 1:1 во рамките на натпревар од Купот на Македонија.

На стадионот во Автокоманда Скопје е домаќин на шампионот Вардар, додека во Кратово ќе се игра дуелот меѓу Силекс и Шкупи.

Во Прилеп Победа е домаќин на тимот на Академија Пандев.

Почетокот на четирите дуели е во 15:30 часот.

Вчера Ренова го совлада Пелистер со 1:0.

Табела: Шкендија 10 бодови, Пелистер 8, Академија Пандев 7, Вардар 6, Силекс 6, Ренова 5, Шкупи 4, Победа 4, Работнички 2, Скопје 2.