Connect with us

Кошарка

Работнички по продолжение триумфираше на гостувањето кај Куманово

Кошаркарите на Работнички со победа на гости по продолжение ја „отворија“ сезоната во кошаркарската Прва лига. Повеќекратниот шампион Работнички го победи Куманово со 91:88 (16:24; 21:27; 24:15; 20:15 и 10:7).

Куманово подобро го почна натпреварот и на полувреме водеше со 51:37. Во второто полувреме екипата на Марин Докузовски успеа да се избори за продолжение откако по 40 минути резултатот беше 81:81.

Во дополнителните пет минути Работнички стигна до триумфот.

Најефикасен кај Куманово беше Димитар Караџовски со 29 поени, додека за работнички најпрецизен беше бугарскиот репрезентативец Чавдар Костов со 30 поени.

Денеска од првото коло на програмата се дуелите: Струмица – Охрид и Кожув – Блокотехна.

Другите три натпревари од стартното коло се играат од вторник до четврток: Пелистер – Шкупи (вторник), Фени Индустри – Гостивар (среда) и дербито МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи (четврток).