Connect with us

Други спортови

Рафаел Надал останува на првото место на АТП листата до 2018 година

Рафаел Надал ја потврди првата позиција на АТП листата до крајот на годината со победата над Хјон Чунг од Јужна Кореа во второто коло од турнирот во Париз.

Во пресрет на турнирот во Берси единствен кој можеше да го загрози првото место на Шпанецот беше Роџер Федерер, но откако тој го откажа учеството на Надал му беше потребно само да забележи една победа.

Ова е четврти пат во кариерата Надал годината да ја заврши на првото место на светската ранг листа откако претходно тоа му успеа во 2008, 2010 и 2013 година.