Connect with us

Други спортови

Раиконен: Ова е неверојатно, секоја година истата приказна

Финскиот возач Кими Раиконен е еден од најискусните во Формула 1, и повторно се појавија шпекулации дека на крајот на оваа сезона би можел да го напушти тимот на Ферари.

Раиконен многу добро ја започна во оваа сезона иако се повеќе и повеќе се шпекулира дека тој не е во добри односи со својот тимски колега Себастијан Фетел. Секоја година има приказни дека Финецот ќе го напушти Ферари, а Раиконен сето ова го негираше.

„Ова е неверојатно, секоја година истата приказна. Мислам дека барем во последните 15 години во кругот се вртат истите приказни и секоја година напуштам некого. Новинарите веројатно една година ќе погодат, бидејќи невозможно е да останам во Ферари доживотно”, изјави Раиконен.

Шпекулациите за неговото заминување од Ферари се појавија пред неколку недели, и наводно тој ќе биде заменет на крајот од сезоната од Дани Рикардо, кој во моментов вози за Ред Бул. На Рикардо му истекува договорот со Ред Бул на крајот на сезоната.