Connect with us

Други спортови

Раиконен: “Сигурен сум дека ако имав добар болид, Не знам за што се работи“

Возачот на Ферари Кими Раиконен имаш пех пред стартот на денешната трка за Големата награда на Малезија. Финецот поради проблеми со болидот не се појави на стартот и покрај освоената втора позиција во квалификациите.

Механичарите не успеаја да го санираат проблемот со турбо-полначот и Раиконен остана без трка, иако веруваше дека може до висок пласман.

Сигурен сум дека ако имав добар болид денес ќе остварев добар резултат. Не знам за што се работи. Вакви ситуации се случуваат понекогаш. Жал ми е што не настапив на трката, додаде Раиконен.

Другиот возач на Ферари, Себастијан Фетел имаше проблеми со болидот во квалификациите и поради тоа трката ја почна од последната позиција, но на крајот успеа да стигне до четвртото место.