Фудбал
Ракитиќ: Би сакал да излезат во јавноста и да негираат сè
Иван Ракитиќ во интервју за „Кадена СЕР“ го прозва раководството на Барселона зошто не ги демантира, или пак реагира на написите во медиумите за негово заминување од Барселона и селидбите во други клубови.
Како што вели тој, тој е среќен на „Камп Ноу“. Сепак, една година веќе челниците се обидуваат да го продадат. Веројатно донеле таква одлука, без да му соопштат на него. Тој е револтиран зошто никој досега не го викнал на состанок да разговараат на оваа тема.
-Можеби Бартомеу го следи ова интервју. Не е доцна да ме повика. Тој може да ме повика утре да разговараме. За мене се пишува многу, но јас сум навикнат на тоа бидејќи не е ништо ново. Би сакал претседателот или Абидал да излезе во јавноста и да негира сè, изјави меѓудургото во интервјуто хрватскиот интернационалец.