Connect with us

Ракомет

Ракометарите на Вардар во 20.30 часот ќе слетаат во Скопје

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, преку својот профил на Фејсбук објави кога точно ќе слетаат македонските ракометни херои во Скопје.

Како што пишува Шилегов, авионот со ракометарите на Вардар ќе тргне од Келн во 18.00 часот, а нивно слетување во Скопје се очекува во 20.30 часот.

„Почитувани, заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18.00 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот.

Останатото останува исто. Се гледаме на централниот градски плоштад Македонија на достоинствен пречек на нашите шампиони !!!

Напред Вардар!!!“, напиша Шилегов на Фејсбук.