Connect with us

Фудбал

Рамос го помина легендарниот капитен на Реал Мадрид

Синоќа за Реал Мадрид, Серхио Рамос го одигра 440.меч во шпанската Примера, со што на петото место го стигна долгогодишниот носител на капитенската лента Фернандо Јеро.

Во дресот на тимот од Мадрид, Јеро настапуваше полни 14 години, во период од 1989-та до 2003-та, и за тоа време 439 пати го облекот дресот на славниот клуб.

Следната мета на Рамос е Карлос Алонсо Гонзалес кој има 461 настап. Пред нив се Икер Касиљас (510), Санчис (523) и неприкосновениот Раул (550).

Рамос во Реал Мадрид пристигна во 2005-та година од Севиља.