Connect with us

Фудбал

Рамос со рекорд како Лионел Меси

Серхио Рамос постигна гол синоќа во натпревар од 11. коло од шампионатот на Шпанија против Леганес на кој Реал Мадрид славеше со 5:0. Со ова Рамос постигна барем еден гол 16. сезона по ред во Ла лига.

Шпанскиот репрезентативец го повтори рекордот на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси кој исто така ги погодувал противничките мрежи 16 сезони во низа.

Рамос е член на Реал од 2005 година.