Connect with us

Фудбал

Рангник бара тим од Премиер лигата

Поранешниот спортски директор на РБ Лајпциг може да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, пренесува „Калчомеркато“. Германецот долго време преговараше со Милан, но не успеа да се пресели кај „росонерите“. На крајот, од „Сан Сиро“ решија да му изгласаат доверба на досегашниот тренер – Стефано Пиоли.

Се верува дека Рангник сакал да добие целосна спортска и техничка моќ во Милано, но Италијанците не се согласиле на неговите услови. Стручњакот инсистирал да биде одговорен за трансферите и да го води првиот тим во исто време.

Сепак, во Италија не постои таква практика.

Затоа Рангник го свртел вниманието кон Англија, каде на менаџерите им се даваат многу повеќе одговорности. Тој се надева дека клуб од Остроот ќе покаже интерес за него и ќе му понуди работа.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама