Connect with us

Фудбал

Рашфорд во Јунајтед до 2028 година

Рашфорд минатата сезона постигна 30 гола во сите натпреварувања и беше клучен дел од тимот на Јунајтед кој го освои Лига купот и се пласираше во Лигата на шампионите.

„Дојдов во Манчестер Јунајтед како седумгодишно момче со сон. Истата страст, гордост и решителност да успеам сè уште ме поттикнуваат секогаш кога ќе го облечам овој дрес “, рече Рашфорд.

Тој додаде дека веќе „имал неверојатни искуства во неверојатен клуб“, но истакна и дека може да постигне многу повеќе и дека сака „да освои повеќе трофеи во годините што следат“.

Рашфорд за клубот од Олд Трафорд одигра вкупно 359 натпревари и постигна 123 гола.