Connect with us

Фудбал

Расизмот не престанува, водачот на „Ултрасите“: Балотели не може да биде Италијанец

Нов расистички испад на навивачите на фудбалските терени во Италија се случи викендов на мечот Верона-Бреша. Мета беше Марио Балотели, кој за малку ќе го напуштеше теренот и ќе заминеше среде натпревар.

На расистичките навреди од трибините Балотели возврати шутирајќи ја топката во публиката на домашниот тим. Потоа секој негов допир со топката беше исвиркан.

Сепак, расистичките напади не престануваат и еден ден по мечот. Водачот на „ултрасите“ на Верона, Лука Кастелини во интервју за тамошното „Радио кафе“, наместо извинување, долеа „масло на огнот“.

-Балотели е Италијанец бидејќи има италијанско државјанство, но никогаш нема да биде целосно Италијанец. За нашиот тим игра „негро“ и вчера даде гол и цела Верона аплаудираше, изјави тој алудирајќи на Еди Салседо (18) кој како и Балотели е роден во Италија и кој исто така е Италијанец.