Фудбал
Распоред на квалификациските натпревари на Македонија до 17 години
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра против Босна и Херцеговина на 2. октомври во 15:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во истиот термин на стадионот „Борис Трајковски“ ќе се соочат Молдавија и Словачка.
Пресметките Словачка – Македонија (тренинг центар „Петар Милошевски“) и БиХ – Молдавија (стадион „Борис Трајковски“) се на 5. октомври во 15:00 часот.
Последното, трето коло е предвидено да се одигра на 8. октомври со почеток во 15:00 часот, а ќе се соочат Словачка – БиХ (стадион „Борис Трајковски“) и Македонија – Молдавија (тренинг центар „Петар Милошевски“).