Connect with us

Фудбал

Разбојниците кои го претепале и ограбиле фудбалерот на Барселона се од Косово, тврдат каталонските медиуми?!

Напаѓачот на Барселона, Пјер Емерик Обамејанг утрово бил ограбен, но и претепан. Четири лица упаднале во нееговиот дом, а како што објавија каталонските медиуми, му земале накит и пари, во вредност од 300.000 евра. Откако разбојниците заминале, тие повикале полиција.

Крадците избегале со ауди А3, а според порталот „Ара“ станува збор за лица од Косово, кои и се познати на полицијата, бидејќи и претходно имале извршени слични кражби.

Тие го следеле Аубамејанг со недели, еднаш се обиделе да упаднат во неговиот дом, но биле спречени од алармот. Но, синоќа дошле подготвени и ги исклучиле алармите и влегле во куќата.

Хаос во неговиот дом, напаѓач на Барселона ограбен и претепан