Connect with us

Фудбал

Реакцијата на тренерот на Интер откако не досудија пенал за Барса стана хит на интернет (ВИДЕО)

Интер ја совлада Барселона со 1:0 во Милано со што се најде на второто место на табелата зад Баерн. Мечот не беше вистинско дерби на вечерта, иако имаше на моменти добар фудбал. Барселона соопшти дека ќе се жали на УЕФА за судењето, пред се поради спорниот момент во првата минута од судиското продолжение. Имено, во тие моменти Демфрис играше со рака, барем така се чинеше на малите екрани, а по неколку пати прегледување на моментот во ВАР собата, судиите одлучија да не досудат пенал за Барселона.

Реакцијата на тренерот на Интер, Инзаги, на кого му „гори под нозете“, во моментите кога се прегледуваше ВАР снимката, стана хит на интернет.