Connect with us

Фудбал

Реал бара 60 милиони евра за незадоволниот Иско

Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско, го известил раководството дека сака да замине од „кралскиот клуб”, но неговата иднина е неизвесна откако актуелниот шпански првак бара високо обесштетување што засега ниту еден клуб не е подготвен да го плати, јавија денеска локалните медиуми.

Дваесетисумгодишниот Иско, кој има важечки договор до јуни 2022 година, оваа сезона собра само десет настапи во дресот на Реал, а само три пати се најде во почетниот состав.

Шпанските медиуми наведуваат дека Иско има комплициран однос со тренерот Зинедин Зидан, но и покрај незадоволството на Иско, Реал не сака да го пушти како позајмен играч, и бара отштета од 60 милиони евра

За Иско е заинтересирана Севиља, но шпанскиот прволигаш не е во состојба да плати толку висока откупна клаузула.

Интерес за фудбалерот на Реал покажуваат и неколку премиерлигаши, но засега во Мадрид не е пристигната ниту една понуда.

Иско дојде во Реал за 30 милиони евра од Малага во 2013 година.