Connect with us

Фудбал

Реал и „Галактикоси“ нова епизода, шопинг во Премиер лига, паѓа светски рекорд?!

Флорентино Перез е човек со многу желби кога е во прашање Реал Мадрид. Според пишувањата на „Дон Балон“, Реал е заинтересиран за дефанзивецот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк.

Тој има неколку одлични сезони зад себе, а оваа година беше втор во изборот за „Златна топка“.

Реал наводно подготвил неверојатни 140 милиони евра,а доколку се случи трансферот тоа би бил апсолутен рекорд кога се работи за дефанзивците. Планот на Перез е Ван Дајк да го заземе местото на Серхио Рамос, кој наредната година полни 34 години.