Фудбал
Реал купува на проверено место: „Новиот Касемиро“ пристигнува на Бернабеу?
Триото Крос-Касемиро-Модриќ освои се што можеше да се освои со Реал Мадрид.
Летово на славното трио му дојде крајот со оглед на тоа што Касемиро се пресели во Манчестер Јунајтед, а на големо се зборува за заминување на Германецот во ривалот Манчестер Сити.
Денеска шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е подготвен да го донесе „новиот Касемиро“ од докажана локација – Јужна Америка.
Винисиус Јуниор, Родриго Гоес и Федерико Валверде моментално се составен дел од стартниот тим на Карло Анчелоти и дадоа сериозен придонес во освојувањето на Ла Лига и Лигата на шампионите минатата сезона.
Примерите што ги дадоа со нивното пристигнување даваат надеж на раководството на клубот дека другите можни јужноамерикански фудбалери кои би можеле да завршат на „Сантијаго Бернабеу“ ќе му помогнат на тимот да постигне исклучителни резултати.
Последното име што се појави на списокот на кралевите е Жоао Гомеш, бразилски играч од средниот ред кој има само 21 година и игра за Фламенго, клубот кој го продаде Винисиус Јуниор на Реал Мадрид во 2019 година за 45 милиони евра.
Во моментов нема понуди од „Галактикос“, но постојано добрите игри на Жоао Гомеш, кој во Бразил го споредуваат со уште еден поранешен играч од средниот ред на Реал, Касемиро, го привлече вниманието на неколку гиганти од англиската Премиер лига.
Затоа шпанските медиуми пишуваат дека Реал ќе направи се за што поскоро да го „фати“ и со Фламенго да го договори неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.
Гомеш во досегашната кариера настапи на 52 натпревари и постигна два гола со две асистенции, а интересно е што според официјалните податоци се уште нема ниту еден настап за ниту една бразилска репрезентација.