Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид бара замена, кој од овие тројца ќе биде новиот Серхио Рамос?

Постои голема веројатност Серхио Рамос наскоро да се раздели со Реал Мадрид и да замине во Кина каде што во моментов се „големите“ пари. Тимот од Мадрид сериозно бара негова замена, а според информациите тројца млади фудбалери се спомнуваат како негови наследници.

Првото име е Салиба, играч на Арсенал кој е на позајмица во Сент Етјен. Во Реал сметаат дека 50 милиони евра би било доволно за негов трансфер.

Пореална опција е францускиот репрезентативец Бабукар Камара. Тој потекнува од школото на Марсеј, може да игра и на позицијата последен играч за врска. Играл за сите младински категории на Франција, а за Марсеј дебитирал со 17 години.

На крајот, младиот Беноа Бадашиле. Младински репрезентативец, исто така на Фрнација. Игра за Монако и тоа во добро издание, иако неговиот тим бележи лоши резултати. За неговите услуги се заинтересирани и неколку клубови од Премиер лигата.