Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид ги расипува плановите на новиот тренер на Барселона, веќе има понуда за играчот на Наполи

Реал Мадрид размислува да го вклучи играчот од средниот ред Хамес Родригез како дел од договорот за привлекување играчот од средниот ред Фабијан Руиз.

Според шпанските медиуми, „кралевите“ не се подготвени да го платат износот на откупната клаузула во договорот на Руиз и, како алтернатива, планираат да го вклучат Колумбиецот Хамес Родригез за да го комплетираат трансферот.

Колумбискиот репрезентативец не е дел од плановите на Зинедин Зидан, откако не се појави во игра од октомври.

Меѓутоа со ова Реал Мадрид воедно се обидува да ги расипе плановите на новиот тренер на Барселона Кике Сетиен. Како што беше објавено пред неколку дена тој има намера по завршувањето на сезоната да го привлече Фабиан Руиз, а добро се познаваат од времето кога заедно беа во Реал Бетис.