Фудбал
Реал Мадрид го има најдобриот старт на сезоната во последните 54 години
Пет меча во низа во Ла Лига во Шпанија и 15 бодови, две победи во две кола во групната фаза од ЛШ и на стартот на сезоната победа од 2:0 против Ајнтрахт Франкфурт во Супер купот на УЕФА. Осум мечеви во низа, осум победи. Ова е најдобриот старт на Реал Мадрид во последните 54 години. Практично ја повтори сезоната од 1961/62, а последен пат имал подобра серија на почетокот во сезоната 1968/69-та кога „Кралевите“ победиле на 11 мечеви во низа. Следниот меч Реал го игра на 18-ти септември против Атлетико Мадрид.